Во недела јавно ќе се избираат 1600-те социјални случаи кои ќе бидат вработени
Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2013
Македонската телевизија во недела ќе се изврши директно компјутерско рангирање на најдобрите 1.600 апликанти кои ќе бидат вработени во државните институции и органи согласно огласот за вработување на лица од социјално ранливи категории објавен од ЈП „Македонски шуми“.
„На овој начин ќе се обезбеди силна транспарентност на процесот на избор заради елиминирање на влијанија од човечки фактор и протекционизам, односно ќе се овозможи правичност на самиот процес. Пријавени се над 20.000 апликации, а директниот избор ќе претставува финално, прво, основно и потесно рангирање“, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.