Добивај вести на Viber
Во последната Објава за продажба на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, продадена е една парцела за изградба на мали комерцијални и деловни намени во старата чаршија, со големина од 25м2, исто така продадена е уште една парцела за изградба на станбена зграда во близина на касарната, со површина од 2935м2 за изградба на станбена зграда со максимална височина од приземје и 12 ката, соопштуваат од општина Прилеп.
Во оваа објава, информираат од Општината, продадена е парцелата за изградба на транспортен центар - автобуска станица со бензинска пумпа и придружни содржини на место на противпожарниот дом, како и две парцели за домување во новопроектираната населба Градина.