27 Април, 2024
0.0313

Во САД заврши гласањето за „Медена земја“ и за годишните награди за Оскар

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Членовите на Американската Академија за филмски науки и уметности вчера го завршија процесот на гласање за годишните награди за Оскар. Македонија за прв пат по 25 години во документарецот „Медена земја“ повторно има свој филм номиниран за наградата Оскар, овој пат во две категории - за долгометражен документарен  филм и долгометражен странски филм.

За да биде успехот уште поголем ова е исто така прв пат во историјата на Американската Академија документарен филм да биде номиниран во две категории.

Ова е големо признание за македонската кинематографија, велат од Агенцијата за филм.

„„Медена земја“ стана синоним за раскошно филмско дело, совршен филмски производ и неверојатно чувство на гордост.  Агенцијата за филм на Република Северна Македонија по овој повод имаше две свои објави со честитка на екипата и филмот „Медена земја“ за ѕвездениот успех на македонската кинематографија“, гласи соопштението на агенцијата.

Агенцијата за филм имаше повеќе промотивни активности, меѓу кои и  објавувањето на  честитката во најреномираните филмски магазини  во печатеното издание на реномираните „Холивуд Репортер“ (Hollywood Reporter)  на 31.01 и во електронското издание/ newsletter  на Screen International на 03.02, со цел да  се потсетат  членовите на Американската Академија за филмски науки и уметности пред завршување на процесот на гласање.

„Со овие честитки Агенцијата за филм на Република Северна Македонија како државна институција од културен карактер чии главни  приоритети се обезбедување на услови за врвни филмски креации ја изразува својата голема благодарност до екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ за нивниот планетарен успех“, се додава во соопштеноето.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија во насока на ширење на позитивната мисла и во потестувањето на планетарниот успех на „Медена земја“ го направи и промотивното видео посветено на оваа бесценета филмска креација кое беше понудено на ценетите аудио-визуелни медиуми и он лајн медиуми во државата.

„Не делат само 5 дена од гламурозната церемонија 92 то Издание на доделување на најпрестижните филмски награди во светот. На 10 февруари со огромна возбуда очекуваме Златната статуетка да биде во рацете на екипата на „Медена земја“. Оваа златна филмска екипа го полно право го заслужува тоа“ пишува во објавата.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир