Во шест македонски града воздухот вечерва е екстремно загаден
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021
Во шест града воздухот вечерва е екстремно загаден. Ова го покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Скопје, Куманово, Битола, Тетово, Гостивар и Битола се градови со многу високо загаден воздух. Велес е високо загаден, а средно загаден воздух дишат жителите на Кичево, Кочани и Гевгелија. Во Струмица воздухот е ниско загаден.
Вечерва најзагадена општина е Куманово со 380 ПМ 10 честички на метар кубен или дури 7 пати повеќе од дозволеното.