Добивај вести на Viber
Во реализцијата на проектот Ele.C.Tra за електричен градски транспорт како партнер се вклучи и Градот Скопје.
Станува збор за проект кој е одобрен од Европската унија и е финансиран во рамки на Европската програма за Интелигентна Енергија , за чија реализација во периодот од 2013 до 2015 година се одвоени 1.309.026 евра.
Главна цел на проектот Ele.C.Tra е промоција на користењето на електрични скутери во урбаните зони и вклучување на граѓаните и на туристите во секојдневна употреба на зелени средства за превоз заради модернизација на урбаните средства за превоз.
Оваа цел на проектот Ele.C.Tra ќе се реализира преку тестирање на систем за изнајмување/споделување скутери.
Градот Скопје во рамките на овој проекти ќе добие 76.346 евра кои ќе бидат употребени за зголемување на јавната свест за електричните возила меѓу администрацијата, компаниите и локалните заинтересирани страни (здруженија, фирми, универзитети...), како и за промоција на одржливиот развој на овој сектор.
Ele.C.Tra проектот вклучува 11 партнери од 8 држави во Европската Унија и вклучува пилотско експериментирање во три града (Џенова, Фиренца и Барселона) каде што користењето на скутери е многу присутно, додека во преостанатите градови ќе се преземат сите потребни подготвителни активности за обезбедување таков систем во иднина.
Пилотските активности ќе пренесат добри практики на преостанатите 5 града, вклучувајки го и Скопје, со цел вклучување на огромен број европски граѓани.
Повеќе информации за проектот на
www.electraproject.eu