Во среда се празнува голем христијански празник: Еве што мора да направите!
Објавено во: Општо 17 Септември, 2016 22:06
Македонската православна црква и верниците во среда го одбележуваат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица.
Овој празник се вбројува во 36 големи празници во црковниот календар обележани со црвени букви. Родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана живееле во Назарет, а ќерката Марија ја добиле во постари години, после пет децении брак.
Празникот на раѓањето на Марија е 21 септември, но не е познато, од кога се слави и одбележува.
Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.
Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на овој празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.
На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани.
Жените така денес не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.
Постојат верувања дека на Мала Богородица не треба да се работат работи кои се работат со раце.
На тој ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





