Во стилот на Хотел Руссиа, модерно елегантно и грандиозно, Sky Bar – Hotel Russia вчера беше свечено отворен
Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2015 14:01
Хотел Руссиа како и досега уникатни и единствени вчера вечер ги воодушевиjа своите гости со отворањето на својата најнова содржина Sky Bar. Sky Bar-от како концепт е единствен од овој тип на нашите простори а и подалеку, што беше само дополнителна причина гостите да се чувствуваат прекрасно.
Лоциран на кровот на самиот хотел, со прекрасен поглед на целото Скопје присутните имаа можност да се запознаат со концептот, да вкусат од специјалитетите кои ќе се служат во истиот и да се опуштат со прекрасна џез музика. Исто така љубителите на пури имаа можност убавиот амбиент да го збогатат со нивното омилено задоволство.
„Горди сме што можеме да се пофалиме со еден ваков уникатен и единствен објект, место каде што посетителите покрај прекрасниот панорамски поглед ќе можат да уживаат на еден поинаков начин да ги вкусат прекрасните специјалитети со професионална и квалитетна услуга. Модерно место во коешто се надеваме дека посетителите ќе се здобијат со многу нови пријателства и деловни соработки како и да ги негуваат досегашните притоа уживајќи во прекрасен амбиент и пријатна и опуштена атмосфера.“ – изјави Виолета Анѓелковска, директорката на Хотел Руссиа.
Sky Bar-от ќе биде достапен и за приватни прослави и деловни коктели, самата негова акустична конструкција е одлична за состаноци и презентации. Погледнете дел од атмосферата која владееше за време на отворањето.
[gallery ids="167305,167306,167312,167309,167308,167307"]Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете







