17 Март, 2025
0.0356

ВО СТРАНСТВО НА ЛЕКУВАЊЕ СЕ 44 ЛИЦА, УШТЕ ОСУМ ПОВРЕДЕНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДАТ ТРАНСПОРТИРАНИ: Клековски за состојбата на повредените во пожарот

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 08:40

Добивај вести на Viber

Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Клековски посочи дека на Клинички центар се хоспитализирани  20 повредени, во ГОБ 8 септември ито така 20 пациени, во „Свети Наум Охридски“ - 21,во Клиничка болница Штип - 20,  Општата болница во Кочани седум и на Токсикологија - двајца. Има пациенти и во приватните болници Аџибадем Систина и Жан Митрев.

Во странство се прифатени 44 повредени и тоа во Србија - 17, Бугарија - 14, Турција -  девет и во Грција - четири. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници, потенцираше Клековски.

Тој нагласи дека пристигнатите во странство се стабилни. 

Клековски најави дека доцна синоќа и рано утрово ќе заминат уште осум повредени лица во странство, по четири во Хрватска и во Романија. Имало можности за префрлување повредени и во Словенија и Унгарија по четири лица и Австрија - шест лица.

Тој потсети дека во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР. 

- Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапки, додаде Клековски.

Синоќа пристигнал еден тим од ВМА Белград. Се очекуваат медицински тимови и од Чешка, Израел и Белгија.

- Сите повредени се згрижени најдобро што можеме, нагласи директорот на ФЗО Клековски. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

За утре закажан протест во Скопје

За утре закажан протест во Скопје

Каменувана куќата на градоначалникот Папазов

Каменувана куќата на градоначалникот Папазов

Бектеши пред суд, Максути во притвор

Бектеши пред суд, Максути во притвор

Коцевски: Градоначалникот на Кочани дава изјава во Обвинителството

Коцевски: Градоначалникот на Кочани дава изјава во Обвинителството

ВУЧИЌ ДО БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЦИЕНТ: „Секогаш за нашите браќа и сестри од Северна Македонија“

ВУЧИЌ ДО БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЦИЕНТ: „Секогаш за нашите браќа и сестри од Северна Македонија“

Крмов: Дали власта распореди полиција околу Собранието?

Крмов: Дали власта распореди полиција околу Собранието?