Во Суботица има над 1300 бегалци во шатори
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2016
Во Суботица има 200 места за сместување, а бегалците таму веќе се над 1300.
Тие кренаа шатори во исклучително нехигиенски услови, немаат вода и храна.
„До денеска околу 300 мигранти и бегалци влегуваат на наша територија. Повеќето од нив доаѓаат од Бугарија отколку од Република Македонија“ - соопшти Радован Ѓуровиќ од Центарот за помош на барателите на азил во Србија.
Има двојно зголемување на бегалците и мигрантите поради преземените од Унгарија гранични мерки на 5 јули. Oсвен со жица, Будимпешта ја затвори границата и со армија. Поради оваа причина нема одлив на мигранти од Србија.
Во моментов крај српската граница со Унгарија има околу 1.300 лица, главно жени и деца кои се под отворено небо. „Не велам дека напорите на државата не се доволни, но тие се далеку од потребното“ - истакна Ѓуровиќ.
За оваа криза се виновни Турција и Унгарија, зад кои не знам кој стои, додава тој. Српската народна партија, која учествува во коалиција со владејачката Српска напредна партија на премиерот Александар Вучиќ, деновиве повика Владата во Белград да ја затвори границата со Македонија.