19 Мај, 2024
0.2936

ВО УЧИЛИШТАТА НЕ МОЖЕ НИТУ ПИЛЕ ДА ПРЕЛЕТА, НЕМА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ: „Протоколите ги даваат првите резултати“, проф. Дујовски за Фактор

Објавено во: Македонија 08 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Три дена по ред наставата во училиштата се одвива непречено, учениците и наставниот кадар се безбедни, родителите се спокојни. Дали има дојави за подметнати експлозивни направи во основните и во средните училишта, но и во останатите објекти во земјава, јавноста нема да биде информирана согласно новите протоколи кои ги воведе Министерството за внатрешни работи, освен во случај заканата да е реална. Целта според експертите на овие протоколи е да не се создава повеќе паника без никакви причини, и секојдневието на секој поединец да се одвива според зацртаната агенда.

Во изјава за Фактор, деканот на Факултетот за безбедност, проф. Никола Дујовски вели дека протоколите кои се спроведуваат веќе неколку дена почнаа да ги даваат првите резултати.

-Наставата овие денови се одвива нормално, учениците безгрижно присуствуваат на нивните часови, наставниците исто така и секако родителите можат да бидат спокојни. Тоа е и суштината на безбедноста впрочем, сите да се чувствуваме сигурни и секој да може да го исполнува својот дневен распоред без никакви вознемирувања од лажни бомби и од политички притисоци и од било какви идеи. Мислам дека доколку вака продолжи состојбата, за еден краток временски период ќе покажеме дека како општество можеме да градиме други механизми на заштита, но секако мора да бидеме свесни дека со ваквите активности нема импровизација и мора да се држиме до тоа што е пропишано во протоколите и тоа да биде почитувано на највисоко можно ниво, затоа што ниту какво било опуштање, ниту какво било ослободување во однос на тоа дека еве неколку дена нема да има закани за бомби можат да не заштитат од вистинските намери на терористите кои што стојат зад ваквите идеи, потенцираше проф. Дујовски.

Фактор разговараше и со дел од директорите на скопските гимназии кои најчесто беа на удар на заканите за подметнати бомби и тие потврдија дека овие три дена немаат добиено никаква заканувачка порака. Она што е најважно според нив е дека безбедноста во училиштата сега е на највисоко ниво и тоа од повеќе аспекти.

-Новите протоколи се целосно ставени во функција за безбедно одржување на наставата. Како прво, сменети се сите домејни, односно имињата на дигиталните адреси. Нема повеќе yahoo, gmail и така натаму, си имаме официјални мејл адреси преку кои комуницираме со МОН, Градот Скопје и МВР. Освен тоа, секое училиште физички е оградено со заштитна ограда и има приватно обезбедување во текот на двете смени додека се одвива наставата. Има и чуварски служби. Инсталирани се камери за надзор. Голем дел од училиштата од порано имаа видео надзор, но дел од нив поставија сега. Камерите снимаат и внатре во училиштата, а го снимаат и училишниот двор. Дополнително, ангажирани се и дежурни ученици кои контролираат кои се влегува во училиштето, особено ако станува збор за нивни врсници, бидејќи обезбедувањето не може да го знае секој ученик. Затворени се сите помошни влезови, односно секое училиште сега има само еден влез од кој се влегува и излегува, што значи дека контролата е на највисоко ниво, велат соговорниците на Фактор.

Иако велат дека овие денови нема дојави за бомби, доколку и покрај ваквите строги контроли тоа се случи, наставата нема да биде прекината, туку само еден вработен назначен од училиштето би ја контактирал полицијата која е должна веднаш да спроведе проверки. Евакуација на учениците и наставниот кадар и сите вработени во училиштето би се правела само во случај да постои навистина нешто сомнително.

Анита Буховски

фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално