(ВО ЖИВО) Дигитален конгрес на СДСМ
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020
Со почеток во 13:00 часот, СДСМ ќе го одржи 25. Конгрес, коj за прв пат во земјава ќе биде дигитален.
Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електорнска платформа Зум (ZOOM).
Конгресот ќе го отвори и ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо.
Дополнително, по завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира одлуките донесени на 25-от Конгрес на СДСМ.