Води Сараево, Скопје на второ место во Европа по продажба на штетна храна
Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2013
Истражувањето, спроведено под водство на данскиот доктор и експерт за трансмаснотии, Стин Сендер, покажа дека Балканот е место каде што се продаваат најмногу прехранбени производи кои содржат транс-маснотии штетни за здравјето.
Првото местоо во Европа го зазеде Сараево со 82 производи во продажната мрежа, потоа е Скопје со 41 производ, Белград со 32. Во Загреб се продаваат 29, воПодгорица со 23 и во Љубљана 20 вакви ризични производи. На листата е поместен и градот Малме во Шведска со 24 производи што содржат транс-маснотии.
„Купишта слатки и други производи што содржат екстремно високи нивоа на транс-маснотии се продаваат во Малме. Тоа е дозволено во Шведска, но во Данска е на сила строга забрана за продажба на такви производи“, вели докторот Стендер кој додава дека продажба на вакви производи е забранета и во Австрија и Исланд.
Транс-маснотии се вегетабилни, незаситени маснотии кои имаат поцврста конзистенција и подолга трајност преку заситување на вештачки начин. Како што пишува „Свенска дагбладет“, студија на Харвард покажала дека веќе од 2007 година 200.000 смртни случаи врз основ на срцев инфаркт можеле да бидат избегнати во САД секоја година ако биле отстранети транс-мастите.