ВОЕНИ ТАЈНИ: Еве каде САД планирале да употребат нуклерно оружје
Објавено во: Свет, Стил 23 Декември, 2015
Американците по Втората светска војна биле спремни во секој момент да извршат нуклеарен напад врз СССР, открива американскиот магазин „Национален интерес“.
Списокот на Стратешката воздухопловна команда на САД од 1950-те години покажува дека тие за време на Студената војна, планирале нуклеарен на цели во СССР, дел од земјите во Источна Европа и во Кина.
Во Москва биле определени 179 цели, кои биле предвидени за „систематско уништување“ со нуклеарно оружје во случај на војна, 145 во Санкт Петербург и 91 во Источна Европа.
Планот предвидувал намерна ликвидација на населението во Москва, Ленинград, Источен Берлин, Варшава, Пекинг, велат истражувачите на Архивата на националната безбедност на САД.„Ова навистина изненадува – да се види како за цели биле избирани центри каде било сконцентрирано цивилно население“, вели за научниот соработник на универзитетот Џорџ Вашингтон Вилијам Бур, кој во 2006 година побарал од Националниот архив на САД увид во овие документи.
Њујорк тајмс пренесува и информации според кои Соединетите Држави во тоа време биле далеку пред СССР – располагале со 10 пати поголем нуклеарен арсенал и се обидувале својот непријател да го опколат со што е можно повеќе бази со бомбардери.