Воено – медицинскиот центар сведен на обична амбуланта
Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2013
Сега не работиме речиси ништо, во просек имаме работа по еден час дневно. Иако ова некому можеби му звучи примамливо, верувајте тоа е многу негативно за еден лекар, бидејки немаме стручен напредок, ниту едукација – вели вработен во ВМЦВо Воено медицинскиот центар сега има Офтамолог, Психијатар, Невролог, Хирург, но сите тие специјалисти се сведени на извршување на систематски прегледи на војниците на АРМ, иако центарот има и своја лабараторија и можност за извршување на сложени медицински интервенции. Од АРМ за Фактор потврдуваат дека на почетокот на летото во ВМЦ имало проблеми со поврзаноста со Фондот за здравство но велат тие проблеми се веќе надминати.
Ние сме свесни дека имаме специјалисти во ВМЦ и затоа им е дозволено да примаат цивилни пациенти. Тое е така во мирно – временски услови, но во случај на вонредна состојба тие лекари веднаш ќе бидат ангажирани за потребите на АРМ- вели портпаролот на ГШ на АРМ Мирче Ѓоргоски.Она што на вработените во ВМЦ има било кажано за проблемите со Фондот за здравство е дека Фондот не може да им префрлува пари, бидејќи се работи за воена единица. Од Фондот за здравство пак велат дека од нивна страна нема никакво проблем со договорот со ВМЦ и дека тој е активен од 2011 година. Питомците од воената академија наместо во ВМЦ се прегледуваат во градската општа болница! Според информации на Фактор во услови кога има опремен Воено – медицински центар, и кога специјалистите седат неискористени, питомците од Воената академија се прегледуваат во Градската општа болница 8 – ми Септември. Ова уште повеќе ги чуди вработените во ВМЦ кои велат дека ги имаат сите услови и знаење за прегледи на питомците.
Имаме и превентивен и општ дел, не знам зошто постои Воено – медицински центар а не ни даваат ниту да работиме со питомци од Воената академија. Од претпоставените не добивме никаков одговор на ова прашање - вели вработен во ВМЦ.Портпаролот на ГШ на АРМ Мирче Ѓоргоски вели дека тој не знае зошто питомците од Воената академија се прегледуваат во цивилното наместо во военото здравство, и за одговор не упати во Министерството за одбрана. Редакцијата на Фактор сепак и по сите напори не успеа да стапи во контакт со Министерството за одбрана, бидејќи министерот Талат Џафери нема назначено портпарол на министерството. На фиксните телефони на министерството ни беше кажано да ја побараме службата за односи со јавност, но да внимаваме бидејќи вработените се на пауза. Но сепак и по крајот на паузата за јавната администрација и државните службеници на телефоните на Министерството за одбрана не се јави никој. Воено – Медицински Центар, реалност или фикција Лекари од ВМЦ велат дека едно од решенијата за нивните проблеми е целосно спојување со Градската општа болница, бидејќи велат вака центарот не ги извршува функциите за кои е предвиден. Сепак оваа идеја е тешко остварлива бидејќи ВМЦ е дел ос стратегијата на АРМ за функционирање на полска болница, декларирана во Концептот за оперативни способности на НАТО. Сепак извори од АРМ велат дека за целосно фунцкионирање на полската болница недостасува уште стручен кадар, бидејќи според проекциите се потребни 60 специјалисти, меѓу кои хирурзи, ортопеди, инструментарки, рентгенолози, интернисти, општи лекари. Ова според познавачите е невозможно да се направи до 2015 година, до кога АРМ ќе треба да располага со комплетно оперативна полска болница. При отворањето на ВМЦ во 2011 година, тогашниот министер за одбрана Фатмир Бесими и високите старешини на АРМ најавија дека центарот Ќе обезбедува примарна медицинска и стоматолошка заштита, специјалистичка заштита и медицинска поддршка на активностите на терен на единиците на АРМ. Денеска две години од неговото формирање ВМЦ пружа само основни медицински услуги, од кои најчести се систематските прегледи за војниците. С.Р.