16 Мај, 2024
0.0294

Волонтерите на ЕВН со голема акција за пошумување на делчевскиот Браниград

Објавено во: Македонија 08 Април, 2022

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија донираше вкупно 6000 садници од дрвниот вид „Црн бор – Pinus Nigra“со цел пошумување на опожарените подрачја на делчевскиот регион. Дополнително, во рамки на програмата „ЕВН Волонтира“, од страна на вработени од ЕВН се спроведе и волонтерска акција за пошумување на површина од 3 хектари на опожарениот локалитет Браниград во близина на селото Стар Истевник. Групата од 33 волонтери во текот на вчерашниот ден успеаја да ги посадат сите садници од вкупната донација со поддршка од Јавното претпријатие „Национални шуми“.

На оваа волонтерска акција учествуваше и менаџментот на ЕВН Македонија и Електродистрибуција кои заедно порачаа: „ЕВН во сите свои активности ги втемелува принципите на општествена одговорност и се стреми за подобрување на квалитетот на животот. Со оваа акција долгорочно придонесуваме во здравјето на граѓаните и идните генерации.“

Во текот на последните пет години, преку проектот „ЕВН Волонтира“ вработените успеаја да ја зголемат свеста кај поединци и компании дека сите луѓе имаат посебни квалификации и способности кои може да ги искористат за доброто на заедницата.

Програмата „ЕВН Волонтира“ официјално започна во јули 2017г. До сега, 600 вработени реализирале 53 акции во големи и мали групи. Волонтерите ги посветуваат работните часови во унапредување на квалитетот на живот низ различни локации во земјата. Програмата овозможува целосна поддршка на вработените при реализација на активностите, односно од осмислување до целосно спроведување на идејата. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното