20 Декември, 2025
0.0962

„Волшебникот на пијаното“ Дино Имери со рецитал во Филхармонија

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2023 14:06

Добивај вести на Viber

Познатиот македонски пијанист Дино Имери ќе одржи концерт инспириран од шпанската, но и светска класична музичка традиција. Имери пред публиката излегува со атрактивна програма во која ќе бидат интерпретирани дела од Мануел Де Фаља, Фредерико Момпу, Морис Равел. Посетителите ќе можат да уживаат и во особено виртуозните и спектакуларни дела „Кармен“ и  „Шпански валцер“ од Жорж Бизе, во аранжмани на Владимир Хоровиц и Аркадиј Володос.

Концертот ќе се одржи в среда, 17 мај 2023 година во големата сала на Македонската филхармонија во 20 часот.

Имери е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар. Настапувал во Австрија (турнеја во Палата „Естерхази“, „Liszt-Zentrum“, J. Haydn Kons), Италија (Рим, Бари), Франција (рецитално отворање на „Piano Plage Festival“, со оркестарот на Стразбуршката филхармонија), Хрватска (Загреб: „Ватрослав Лисински“, Дубровник: Epidaurus Festival), Србија (“Коларац”, Галерија „Artget“ - Белград), Бугарија(со Софиската филхармонија).

Покрај концертната дејност, Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи меѓу кои „Dino Imeri LIVE“ (2010, Piano Plage France), “Reflections” (2020, PMG Jazz), “Passions” (Con:tempo, 2021) и др. Имери бележи бројни успеси и како млад композитор, пишувајќи музика за филм, театар, балет и инструментална и вокална музика, мултимедијални проекти како што беше и проектот „Проста и строга македонска песна – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“. Како ценет професионалец, Имери е често пати член на меѓународни стручни комисии на престижни музички натпревари во регионот и Европа. Имери е и доцент на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии