18 Мај, 2024
0.0400

ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА: „Дрисла“ не труе со медицински отпад

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Депонијата за комунален отпад „Дрисла“ во селото Батинци го загадува воздухот со јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина, од согорувањето во печката за медицински отпад.

Ова е констатацијата на вонреден инспекциски надзор која меѓу останатото констатирала дека дека печката за согорување на медицински отпад во моментот на била вклуечна, но таа работи секојдневно во две смени со капацитет од 250 кг/час, односно 3 тона на ден. „Дрисла“, согласно дозволата, врши месечни мерење на емисија на гасови од емитерот/оџакот на инсинераторот од страна на акредитираната лабораторија за животна средина „Технолаб“ за што се изработени месечни извештаи.

„Од добиените резултати од мерењата на емисија на загадувачки супстанции во воздухот од печката за спалување на медицински отпад, за месеците септември-октомври е евидентирано надминување согласно Правилникот на граничните вредности за параметрите, односно просечните концентрации на јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина. Поради ова надминување и повреда на законска одредба, ДИЖС поведе постапка која е согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, односно Законот за животната средина за правното лице, а Записникот е потпишан и прифатена е спогодбата која понатаму ќе ја води Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање“, се наведува во соопштението на ДИЖС.

За време на инспекциската постапка од ДИЖС изготвиле Решение за ограничување на работата на инсенераторот за медицински отпад од само 8 часа во период помеѓу 7 и 19 часот и целосна забрана за работата на печката за согорување на медицински отпад кога се надминати праговите на алармирање на загадување на град Скопје за мерната станица Лисиче.

„Дрисла“ покрај мониторингот од страна на „Технолаб“ има поставено и сопствена помала автоматска станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух, а резултатите од мониторингот се објавуваат на Интернет страницата на Депонијата. Од 2016 година за сопствени потреби Дрисла врши мерење на јонизирачко зрачење (радиоактивност) на отпадот што влегува и на разни делови на самата депонија. Записите за мерењата укажуваат дека мерењата се вршени на целата површина на депонијата „Дрисла“ почнувајќи од влезот каде им се врши мерење за јонизирачки зрачење на одредени возила кои носат отпад, па завршувајќи на самото тло на депонијата каде е депониран отпадот. За извршените мерења „Дрисла“ води дневник за интерни потреба за јонизирачките мерења и истиот е достапен за увид на надлежните институции. Радијациона сигурност е во надлежност на Дирекцијата за радијациона сигурност.

При надзорот констатирано е дека на депонијата се носат и одредени количини празни канистри од компанијата „Кемет електроникс“ од ТИРЗ-Бунарџик. Тие се уништуваат со компактирање во телото на депонијата. Во одредена полузатворена просторија во кругот на депонијата организирано е собирно место за отпадни масла, веднаш до сервисот за механизацијата на правниот субјект и истите се собираат во метални буриња, а потекнуваат од сервисирање на сопствената механизација. Собраното отпадно масло се предава на „Аутохаус-Заковски“ од Скопје, компанија овластена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци