24 Ноември, 2024
0.0314

ВОСПАЛЕНИЕ НА МОЗОКОТ И ПНЕВМОНИЈА СЕ НАЈТЕШКИТЕ КОМПЛИКАЦИИ ОД МОРБИЛИ: Д-р Тренчева ја потенцира важноста од вакцинација

Објавено во: Македонија 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Секогаш реагираме откако нешто ќе се случи, наместо претходно, па така и со случајот со појавата на ситните сипаници морбили. Децата ќе ги носиме сега на вакцинација, велат родителите кои досега не ги имунизирале своите деца против ова вирусно и многу преносливо заболување. Некои од нив, како што нагласуваат, и намерно почекуваат нивните најмили да потпораснат, да почнат убаво да зборуваат, па дури потоа се одлучуваа да ги заштитат со одредени вакцини.

-Слушнавме за детенцето од Свети Николе и се надеваме дека нема да се соочиме со епидемија на морбили. Но, еве и ние досега не го вакциниравме нашето синче. Само што направи три години. Најверојатно тоа ќе го сториме во наредниов период. За среќа, има кој да го чува, не оди во градинка, па пред да почне, најверојатно од септември, во вакциналниот картон ќе биде впишана и оваа вакцина, МРП која штити од морбили, рубеола и заушки. Свесни сме за какви сериозни болести станува збор, но од друга страна, иако досега ништо не е со сигурност докажано, оваа вакцина се поврзува со појава на аутизам. Токму од таа причина досега не се одлучивме да го вакцинираме нашето дете, велат Соња и Михајло В.

По појавата на првиот случај на морбили, точно четири години по последната епидемија на ситни сипаници во Македонија, интересот за вакцинација повторно се зголемува, а педијатрите посочуваат дека имунизацијата е од исклучитено значење за да се спречи болсета да излезе од контрола и поворно да имаме епидемија, бидејќи станува збор за многу пренослив вирус.

-УНИЦЕФ и СЗО предупредуваат на влошена состојба и услови за појава на морбили кај децата. Бројот на пријавени заразени со морбили во светот е зголемен, што повотрно создава услови за сериозна епидемија на болеста. Овие сипаници се многу заразна болест и во услови на намалено ниво на вакцинација, болеста брзо се шири и рапидно се зголемува бројот на новозаразени случаи, вели во разговор за Фактор, д-р Митка Тренчева, специјалист педијатар.

Малите сипаници се предизвикани од вирус кој припаѓа на фамилијата Paramyxoviridae и вообичаено се пренесуваат преку воздушно-капков пат и директен контакт. Вирусот го инфицира респираторниот тракт, а потоа се шири низ организмот.

- Сипаницата покрај компликациите што ги предизвикува кои може да бидат и смртоносни, го ослабува и имунолошкиот систем на детето, кое станува поподложно и поранливо на други болести. Морбилите не се само опасна и потенцијално смртоносна болест, туку и сериозен знак на низок глобален опфат со вакцинација. Секако, најмногу страдаат децата, а тоа може лесно да се превенира со вакцината. Инку болеста се пренесува по воздушен пат, преку кашлица, кивање или преку контакт со плунка или назален секрет од инфицирани лица. Девет од десет лица ќе се заразат доколку не се имуни, а се во контакт со заразениот. Значи говориме за висока контагиозност, односно многу висока заразност. Стекнатиот имунитет е траен и повеќето луѓе не заболуваат по втор пат, вели д-р Тренчева.

Во однос на симптомите појаснува дека почетокот е со висока температура, главоболка и вознемиреност.

-Потоа следува кашлица, течење на носот, воспалени насолзени очи, а по неколку дена следи осипот и тоа прво по лицето, а потоа по телото. Болеста е навистина тешка и како што реков, можни се компликации како што се воспаление на ушите, белите дробови, мозокот. Затоа нагласувам дека вакцинацијата против морбили е најефикасна мерка во превенцијата на болеста и вообичаено се дава во комбинација со други вакцини, заклучува во разговорот д-р Тренчева.

Според податоците од СЗО, повеќето смртни случаи поврзани со мали сипаници се предизвикани од компликации поврзани со оваа болест. Компликациите се почести кај деца на возраст под 5 години или кај возрасни над 20 години. Најсериозните компликации вклучуваат слепило, енцефалитис (инфекција која предизвикува оток на мозокот), тешка дијареа (проливи) следена со дехидратација, инфекции на увото или тешки респираторни инфекции како на пр. пневмонија. Тешките форми на мали сипаници се поверојатни кај слабо ухранети мали деца, особено оние со недостаток на витамин А или чиј имунолошки систем е ослабен од ХИВ / СИДА на пр. или други болести. Во популации каде е висок процентот на недоволна ухранетост и недостаток на соодветна здравствена заштита, до 10% од случаи на мали сипаници резултираат со смртен завршеток. Жените инфицирани во текот на бременоста, исто така, се изложени на ризик од тешки компликации, а бременоста може да заврши со спонтан абортус или предвремено породување. Луѓето кои прележале мали сипаници се отпорни на заболувањето до крајот на нивниот живот.

ФОТО: ФБ

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип