ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: Еве каква е состојбата на патиштата
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019
Од
авто мото сојузот на Македонија ги информират возачите дека од денес поради
изведување на геодетско снимање и геомеханички истражни работи, магистралниот
пат А2, делница Струмица-Дабиле ќе има промена на режиот на сообраќај од 05:00
до 12:00 часот. Изменетиот сообраќаен режим ќе биде во
времетраење од 5 работни дена.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.