29 Септември, 2024
0.0307

ВОЗЕЛ БЕЗ ОЧИЛА, НЕ ПОЧИТУВАЛ БРЗИНА И НЕ УКАЖАЛ ПОМОШ: ОЈО покрена истрага против млад прилепчанец кој усмрти велосипедистка

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Млад прилепчанец се соочува со обвинение за кривични дела поради сообраќајна незгода во која погина велосипедиска од Прилеп. 

Имено Јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

- Во врска со сообраќајна несреќа која се случи на 9 јуни на улицата „Александар Македонски“  во Прилеп, против осомничениот 26-годишник досега се водеше постапка за предизвикување сообраќајна несреќа од полесен квалификаторен облик и по предлог на обвинителството му беше определена мерка куќен притвор во траење од 8 дена. Но, во текот на предистражната постапка се прибавија докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој сторил потешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, па надлежниот јавен обвинител отвори истрага и достави предлог да му биде определена мерка притвор - појаснуваат од обвинителство. 

Од таму додаваат дека согласно доказите, на критичниот ден, тој управувал патничко моторно возило Фолксваген голф со прилепски регистарски ознаки, иако не ја поседувал потребната здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило – без очно помагало поради намалена видна функција за 50 отсто (бинокуларно гледање). 

- Спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движел со брзина од 74,2 км/ч на место каде максимално  дозволена брзина на движење изнесува 50 км/ч. Возилото не го држел што поблиску до десниот раб на коловозот, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Кога пристигнал наспроти фабриката „Металец“ во Прилеп со тркалата од десната страна на возилото излегол надвор од површината од десниот раб на коловозот, односно на земјеното проширување, па со предниот десен дел од возилото удрил во задното тркало од велосипед марка „Ендуро“ управуван од оштетената – сега почината велосипедистка - појаснуваат од обвинителство. 

Обвинителот посочи дека во моментот на ударот починатата велосипедиска стоела со велосипедот на земјеното проширување покрај десниот раб од коловозот, а како последица од ударот била отфрлена на тревната површина од десната страна од коловозот. 

- При ударот оштетената добила тешки телесни повреди кои резултирале со смртна последица, а возачот на автомобилот  ја оставил без помош и веднаш го напуштил местото на несреќата.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена - се посочува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки