15 Декември, 2025
0.0426

ВОЗЕЛЕ „МРТВИ ПИЈАНИ“ И ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - едниот од уапсените предизвикал и сообраќајна несреќа

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2025 13:48

Добивај вести на Viber

Бројните казни кои изминатиов период ги напишаа од Министерството за внатрешни работи, а паралелно објавија и дека се уапсени повеќе лица кои возат под дејство на алкохол не се пречка за нашите сограѓани да продолжат да возат иако треба да ги остават своите автомобили дома. 
Поради возење во пијана состојба во текот на вчерашниот ден уапсени се возачи во Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка, а дополнително возачот во Крива Паланка предизвикал и сообраќајна несреќа. 

- Нa 22.11.2025 околу 01:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.А.(37) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал A.A. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта - објавија од МВР.

Исто така е уапсени и млад возач кој бил затекнат зад волатно, но имал високо ниво на алкохол во крвата. 

- Нa 22.11.2025 во 01:26 часот на ул. „Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.К.(20) од с.Прибачево. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Д.К. учествувал со патничко возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, било констатирано дека Д.К. е под дејство на алкохол, односно дека во организмот има 1,58 промили алкохол во крвта - се посочува во соопштението. 

Меѓу уапсените е и млад жител на Приле, кој пак значително го надминал дозволеното ниво на алкохол.

- На 22.11.2025 во 02:50 часот на ул.„Прилепски Бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.С.(21) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 2,79 промили алкохол во крвта - објави МВР. 

На 21.11.2025 во 09:34 часот на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Џ.С.(29) од Крива Паланка. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Џ.С. учествувал со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, било констатирано дека Џ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,06 промили алкохол во крвта - посочуваат од МВР. 

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.


Можеби ќе ве интересира

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца