ВОЗЕЊЕ ПО КОБНАТА ТРАСА: Дали патот е соодветно обележан и какви сигнали има?
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021
Истрагата ќе ги утврди причините за несреќата на автопатот Струма во Бугарија во која вчера загинаа 45 лица од Македонија, но додека се утврдат деталите, многу бугарски експерти имаат свои видувања за тоа што и како се сличило во кобните минути.
Димитар Илиев, автомобилски експерт и тркач направи виртуелно возење по трасата преку мапа на Google maps низ кое објаснува каква е патната сигнализација на овој автопат. Тој тврди дека патот не е квалитетно обележан и дека недостасуваат знаци кои точно би прикажале што следува. Во времето на поминување на автобусот и временските услови не биле добри односно времето било врнежливо со слаб дожд, а според ограничувањата таму е дозволено да се вози 120 километри на час што не е соодветно според него.
Во своето излагање Илиев вели дека никаде не видел знак за зоната за одмор, за што после заклчува дека е паднат дури од мај.
Целото негово излагање кое открива многу и за евентуалната одговорност е подолу.