18 Јануари, 2025
0.0303

Вработените од ФЗОМ ќе собираат податоци и ќе делат здравствени картички

Објавено во: Мои пари 09 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во изминатиов период интензивно работеше на имплементација на проектот за Електронска здравствена картичка . Во таа насока со цел да им се олесни процедурата за добивање електронска здравствена картичка на осигурениците повозрасни лица ФЗОМ воведе новина со која нивни вработени ги посетуваат тие лица и на лице место ги пополнуваат барањата за ЕЗК.

Ова денеска го изјави директорот на ФЗОМ, Јован Грповски, кој рече дека од денеска воведуваат уште една новина со која ќе им ја олеснат постапката за подигнување на електронските здравствени картички за вработените во поголемите фирми, односно фирмите кои имаат над 100 вработени.

- Наместо овластените лица од фирмите да доаѓаат и да ги подигнуваат ЕЗК за своите вработени и членовите осигурани преку нив во подрачните служби на Фондот, вработени во Фондот ќе ги посетат фирмите и ќе им ги достават изработените електронски здравствени картички. На овој начин ќе бидат посетени 110 фирми, посочи Грповски.

Тој рече дека друга новина која почнале да ја применуваат од денеска, а која ја организираат во соработка Агенцијата за вработување на Македонија, е таа што лицата со паричен надоместок своите ЕЗК ќе може да ги подигнат во просториите на Агенцијата кога ќе одат да извршат регистрација кај нив.

- Со ова ќе бидат опфатени 24.512 осигуреници и нивни членови. Оваа новина ќе се применува за оние осигуреници на кои им се изработени ЕЗК. Единствено што треба  е овие осигуреници да потпишат изјава дека ја примиле ЕЗК за нив и членовите осигурани преку нив. Подоцна овие изјави Фондот ќе ги подигне од Агенцијата за вработување. За оваа категорија на осигуреници кои немаат аплицирано за ЕЗК во просториите на агенцијата ќе им бидат поделени потребните обрасци за добивање на ЕЗК и откако ќе ги комплетираат потребните документи ќе треба да ги донесат во нашите подрачни служби, потенцира Грповски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека досега се дистрибуирани 615.000 електронски здравствени картички, 360.000 се изработени и се во постапка на дистрибуција, 380.000 податоци се доставени до фирмата која ги изработува и се во постапка на изработка, а 110.000 барања се во постапка на обработка во ФЗОМ.

- Вкупно има 1.465.000 барања за електронски здравствени картички по разни основи. Меѓу 200.000 и 300.000 осигуреници треба да поднесат барања за издавање електронска здравствена картичка, додаде Грповски.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение