Добивај вести на Viber
Речиси 800 вработени во Охис за две недели ќе бидат прогласени за технолошки вишок и пријавени во Агенцијата за вработување. Според Синдикатот, вака е подобро за сите, полесно ќе се најде нов газда или фабриката ќе отиде во стечај.
Како што информираше претседателот на синдикатот СИЕР, Пеце Ристевски, работниците под Агенцијата за вработување и ќе земат минимална испратнина од околу 1.400 евра, или по околу 10 просечни плати.
Одлуката ја донесе Владата. Од синдикатот кој ја поддржа, велат дека ако се најде нов сопственик на Охис, ќе има обврска да ги исплати 23-те заостанати плати на вработените.
Речиси две години, поголемиот дел од вработените во ОХИС беа на принуден одмор, без плати и придонеси. Повеќепати излегуваа на протести, како во кругот на фабриката, така и пред Владата. И покрак повеќе обиди за продажба на ОХИС, засега не се најде купувач.