Вработените во „Скопски пазар“ без редовна плата и придонеси
Објавено во: Економија 26 Март, 2018
Последен пат на нивните сметки Скопски пазар А.Д. Скопје префрлило пари за плата во декември, објави Телма. Оттогаш не само платата, доцни и здравственото осигурување, а се сомневаат дека не им се уплаќаат и придонесите. Повеќе од 200 вработени во скопската компанија за менаџирање со пазарите во Скопје и по средбата со дел од управата, не добија одговор зошто доцнат надоместоците за сработените месеци.
Одговорот којшто вработените не го добија денеска од нивните претпоставени, сопствеништвото го испрати за Телма телевизија. Се бара решение, бидејќи оттаму потврдуваат дека плата нема добиено никој во компанијата.