19 Мај, 2024
0.0255

ВРАБОТУВАЊЕ: Кога се пријавувате за работно место, не правете го ОВА

Објавено во: Економија 09 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Сте се потрудиле околу пишување на вашата биографија и потребните референци за работата што ја посакувате и сега чекате повик за интервју. Но при аплицирањето за работно место има еден важен елемент кој некои го забораваат. Известувањата дека сте повикани на интервју денес обично стигнуваат по електронска пошта, но последните студии покажуваат дека кандидатите воопшто не одговараат на таквите пораки. Ваквото однесување одбива, велат познавачите. „Често се случува кандидатите да се  пријават за одредена позиција, а по повикот за интервју не добивам никаков одговор. На крај прибегнувам кон СМС пораки, бидејќи тоа има подобри резултати кај кандидатите помлади од 40 години, но и тоа не е сигурно. Таквото однесување ме одбива - се прашувам како кандидатот ќе ја извршува понудената работа ако не може да одговори на еден обичен мејл“, открива еден менаџер. Ова однесување ги принудува работодавачите да ја преиспитаат вашата способност уште пред да се појавите на интервју и со тоа ви се намалуваат шансите да ја добиете посакуваната работа. Затоа, ако сте испратиле пријава за работно место, ажурно проверувајте ја електронската пошта (вклучувајќи го и спам фолдерот) во наредните неколку недели. Дури и ако сте презафатени, секогаш на пораката за интервју мора да одговорите во рок од еден ден. Секое поголемо одолговлекување ќе го натера работодавачот да започне да го пеиспитува вашиот интерес за работното место, но и вашата прстојност воопшто. Ако во меѓувреме сте пронашле работа или веќе не сте заинтересирани за ова работно место, сеедно треба да одговорите - да се заблагодарите за укажаната можност. Ако добро се поставите во оваа комуникација, си оставате отворена врата за потенцијална идна соработка.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа