20 Декември, 2025
0.0359

Време е за среќа!

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2013 11:10

Добивај вести на Viber

Од вечерва на МТВ 1 со почеток во 20 часот и 30 минути, започнува да се емитува "Време за среќа" на Државна лотарија на Македонија, заедно со Марјана Станојковска и Виктор Петров –Викса. "Време за среќа" е забавна емисија во која ќе се извлекуваат добитните бројчиња од игрите на среќа БИНГО БУМ и ТОП5. Оригиналниот музички фон чиј автор е Цане Петров, ќе се свири во живо и тоа од комплетната постава на групата Биоритам кои ќе изведат и неколку музички нумери за загревање на атмосферата. За емисијата Време за среќа е направена и комплено нова оригинална сценографија со потпис на Јана Петковска. Со овој ТВ проект за прв пат во историјата на приредување на игри на среќа во Македонија, во една ТВ емисија ќе бидат сместени две игри на среќа, со цел поголема можност за добивки и радост на играчите на игри на среќа со бројчиња. БИНГО БУМ е познатата омилена семејна игра на среќа Бинго, со нов идентитет и во ново ТВ пакување. Добивките се разновидни: најголемата е Макси Бинго која носи гарантирани 2.000.000 денари; за добивките Џек Пот линија и Џек Пот две линии резервирани се автомобили; а покрај добивката Бинго Бум, што се остварува до 90тиот извлечен број, има и многу други категории добивки креирани со цел да се постигне што поголем број среќни добитници. Во играта на среќа БИНГО БУМ ќе се учествува со уплата на БИНГО БУМ картичка во едно од среќните места со знакот на детелинка или кај продавачите на мобилна продажба.Уплатата за првото коло на играта на среќа се затвора во понеделник во 19:30

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии