Временска прогноза: еве какво време ќе имаме викендов
Објавено во: Македонија 01 Април, 2022
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, не очекува денес. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.
Времето во сабота:
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Кон крајот на денот на планините на северозапад врнежите ќе преминат во снег. Дневните максимални температури ќе бидат до 20 степен.