Врвни италијански специјалитети од кујната на Шеф Армандо Кодиспоти
Објавено во: Стил 22 Ноември, 2018 13:48
Вчеравечер во „Дистрикт бар и ресторан“, со почеток во 20 часот, гостите имаа можност со вкусовите да се најдат директно во срцето на Италија.
Амбасадорот на Р. Италија, Н.Е. Карло Ромео имаше свое обраќање, а потоа ѕвезда на вечерта беше одлукуваниот шеф од Италија, Армандо Кодиспоти.

Препуштени на рацете на врвниот готвач со богато искуство во повеќе италијански ресторани, како и ресторани со една и две Мишелин ѕвезди, присутните уживаа во трите необични специјалитети.

Њоки со неколку вида на сирење, интегрални тестенини со специфичен вкус и необично рижото со јајце- беа трите специјалитети на вечерта, кои измамија насмевка на гостите присутни во убавиот амбиент на „Дистрикт“.
Љубителите на италијанска храна и специјалитети ќе имаат можност да уживаат во врвната кулинарска уметност на италијанскиот Шеф Армандо Кодиспоти и во „Воденица“ во петок.

Третата Недела на Италијанската Кујна во Светот (19-25 Ноември 2018 година) е настан од светски рамки, организиран под покровителство на Италијанското Министерство за Надворешни работи, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија. Токму тој медитерански начин на исхрана, таканаречената Медитеранска диета, е централна тема на овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна во светот.
Фото: Маја Јаневска-Илиева
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





