18 Мај, 2024
0.0334

Втор изборен круг: Битка за секој глас!

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Втор изборен круг: Битка за секој глас – каде и колку е разликата?

Во 35 општини ќе се прегласува во вториот изборен круг. Во дел од нив, разликата на спротиставените кандидатите е минимална, некаде дури за триесеттина гласови. Фиништот на вториот изборен круг, според досегашните оценки на аналитичарите, дополнително ќе биде интересен и незивесен , со оглед на тоа што битка ќе се води и општини кои досега важеа за “бастиони“ на Вмро Дпмне, во кои оваа партија на претходните изборни циклуси без дилеми освојуваше изборна победа. За јавноста – интресен ќе биде исходот во Штип, каде разликата во гласовите е триесеттина во корист на кандидатот на Вмро Дпмне. Во Гостивар – неизвесност до последен момент, таму во изборна трка се кандидати на владините партнери, ДУИ и Алијанса на албанците. Еве каков е распоредот на политичките сили и со какви стартни позиции влегуваат кандидатите за градоначалници, во општините каде ќе се прегласува.

Тесни разлики – одлучувачки изборен исход ...

Голема излезност од 69,0% е регострирана во општина Штип, каде првиот изборен круг заврши со минимална разлика меѓу спротиставените кандидати за градоначалник. Така, Илчо Захариев, кандидат за градоначалник од опозициската Вмро Дпмне освои 13 966 гласови или 48,10% а Благој Бочварски освои 13 930 гласови или 47,97% со што разликата меѓу двајцата кандидати изнесува минимални 36 гласови во корист на Захариев.

Во општина Гостивар, каде во првиот изборен круг, во трга за градоначалничката позиција беа седум кандидати, излезноста изнесуваше 42,7%. Во вториот круг изборната битка ќе се води меѓу Невзат Бејта, сегашниот градоначалник од редовите на ДУИ и Арбен Таравари од Алијансата за албанците. Бејта во втриот круг стратува со предност од 495 гласови, или тој освои 12 095 а неговиот противкандидат Таравари освои 11 600 гласови. Се смета дека битката за градоначалничката позиција во Гостивар ќе биде неизвесна, со оглед на тоа што и двете партии се дел од владината коалиција, па останува да се види на чие конто ќе завршат гласовите од СДСМ.

Прегласување ќе има и во општина Гази Баба, која важи за “бастион“ на Вмро Дпмне, па така во оваа скопска општина во вториот круг изборната трка стартува со разлика од 1 069 гласови во корист на кандидатот на СДСМ и коалицијата, Борис Георгиевски. По првиот круг, кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне, досегашниот градоначалник Тони Трајковски освои 16 522 гласови а Георгиевски 17 591 глас. Во Советот на општина Гази Баба водство има Вмро Дпмне.

Втор изборен круг ќе има и во Кавадарци, општина во која разликата меѓу двајцата кандидати изнесува само 595 гласови во корист на Вмро Дпмне и коалицијата. Така, според податоците од Државната изброна комисија, кандидатот на Вмро Дпмне Митко Јанчев , по првиот изборен круг освоил 12 077 гласови или 49,39% од гласовите а кандидатот на СДСМ и коалицијата, Батиане Китев освои 11 482 гласови или 46,96. Во оваа општина во првиот изброен круг имаше четворица кандидати а излезеноста беше над просекот, од 74,84%.

Пресвртница на изборните очекувања има и во општина Кисела Вода, која исто така важи за “бастион“ на гласачите и симпатизерите на Вмро Дпмне. По првиот круг, СДСМ е со предност од 1 671 глас, или Филип Темелковски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата освои 17 150 а кандидатот за градоначалник на Вмро Дпмне и коалицијата, Јохан Тарчуловски доби поддршка од 15 479 гласачи. Според бројот на освени гласови, во Советот на Кисела Вода, водство има СДСМ. Излезеноста во првиот изборен круг во оваа општина изнесуваше 64,82%.

Тетово ќе биде еден од градовите каде изборната битка ќе биде интересна, особено што таму во втриот круг влегува кандидат на Беса. По првиот круг на гласање, кандидатот за градоначалник и сегашен градоначалник, Теута Арифи освои 13 265 гласови со што обезбеди предност пред Билал Касами, претседател на Беса, за кого гласаа 8 767 гласачи, со што тој зад Арифи заостанува со 4 498 гласови. Тетово, како општина ќе биде интересна, за да се види и каде ќе завршат гласовите на “неопределените“ во албанското гласачко тело. Во советот на општина Тетово, мнозинство обезбеди ДУИ на Али Ахмети.

Коалициските партнери, ДУИ и Алијанса на албанците, во вториот изборен круг ќе водат битка во општина Струга. По првиот изборен круг Зијадин Села од Алијанса на албанците и сегашен градоначалник ја доби довербата од 9 289 стружани а Рамиз Мерко, кандидат за градоначалник од ДУИ освои 7 196, со што Села има предност од 2 093. Во Советот на општина Струга, водство има Алијансата на албанците. Во првиот изборен круг, за Струга се бореа седум кандидати, свој имаше и СДСМ, Васил Ашталкоски кој освои 7 140 гласови. Интересно ќе биде да се види каде ќе завршат гласовите на етнички македонскиот електорат. Излезеноста во општина Струга изнесуваше 50,75%.

На 29 октомври ќе се прегласува во 35 општини во кои ниту еден кандидат за градоначалник не доби потребно мнозинство од гласови. 14 се општините во кои СДСМ има предност, додека опозициската ВМРО ДПМНЕ со предност влегува во само 6 општини.


Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци