Втор повик од Меркел за Вучиќ, денеска средба во Берлин
Објавено во: Свет 13 Април, 2018
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе оди во посета на Берлин, каде ќе разговара со Ангела Меркел, соопшти кабинетот на германската канцеларка.
„За време на заедничкиот ручек посебно ќе се разговара за билатералните односи, како и за регионалните прашања, но и на европско-политички теми“, се наведува во соопштението.