28 Април, 2024
0.0277

ВТОРА СРЕЌА ЗА ОБВРЗНИЦАТА НА ОПШТИНАТА НА ЈОРДАНОВ - КХВ повторно даде одобрение, сега Владата е на потег

Објавено во: Финансии 26 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Дали ќе има втора среќа за општинската обврзница на општина Штип, која ја предводи градоначалникот Иван Јорданов.
Откако пред неколку месеци Комисијата за хартии од вредност и издаде одобрение на општина Штип за издавање на обврзница од 4 милиони евра, но општината не успеа да ја добие потребната владина согласност, сега таа повторно побара и доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност за издавање на општинска обврзница.
За барањето на општина Штип за издавање на општинска обврзница расправала Комисијата за хартии од вредност пред неколку дена, и донела решение да и издаде одобрение на општината, исто како што и пред неколку месеци го издаде потребното одобрение. 
КХВ  донесе Решение со кое на Општина Штип и даде одобрение да издаде прва емисија на 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра по пат на јавна понуда. Првата исплата на главницата и на каматата ќе почне по истекот на 12 месеци и ќе се исплати во седум еднакви годишни рати од датумот на регистрирање на обврзниците во ЦДХВ. Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75 отсто. Емисијата на општински обврзници на Општина Штип се врши заради прибирање на средства за финансирање на Проектот „Заеднички активности за локален економски развој“. Понудата се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60 отсто од понудените обврзници.
КХВ ја одобри оваа емисија, откако општина Штип доби согласност од Министерството за финансии за нејзино задолжување, а постапката на запишување и уплата на понудените општински обврзници ќе почне откако во сила ќе влезе Одлуката на Владата, со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот“, се вели во соопштението од Комисијата за хартии од вредност.
Како што веќе објавија претходно медиумите, општина Штип е прва која се охрабри да најави издавање на ваква хартија од вредност и на тој начин да обезбеди четири милиони евра, за што уште минатата година ја доби и потребната дозвола од Комисијата за хартии од вредност. Но, Владата не го дозволи издавањето на обврзницата, а штипскиот градоначалник Иван Јорданов ја обвини власта дека го стопирала овој процес без никаква валидна аргументација.
Инаку, Фактор веќе пишуваше дека и општина Аеродром, на чие чело е градоначалникот Тимчо Муцунски, доби дозвола од КХВ за издавање на општинска обврзница, и тоа на сума од 5,4 милиони евра.

Дали општината, чии татко е исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како и Јорданов, ќе успее да добие благослов за вакво задолжување пртеку емитувањее на општинска обврзница, ќе зависи исто така од Владата, која треба да донесе таква одлука. 

Во разговор за Фактор Муцунски тогапш апелираше Владата што поскоро да даде зелено светло.

„Од страна на сите надлежни институции добивме позитивна оценка во однос на комплетноста и квалитетот на документацијата која беше изработена, и таа ги помина сите потребни филтри, вклучувајќи ги Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност. Последен и следен во низата чекори е одлуката која треба да ја донесе Владата, која практично е зелено светло за официјално издавање на обврзницата и нејзино пласирање на пазарот. Со оглед на тоа дека станува збор за средства кои ќе бидат наменети за финансирање на важни проекти, убеден сум и апелирам до Владата што поскоро да ја донесе одлуката со која ќе може обврзницата да биде издадена на пазарот“, потернцира тогаш првиот човек на општина Аеродром.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување