05 Декември, 2025
0.0293

Втората половина од ноември носи многу среќа за еден хороскопски знак

Објавено во: Општо 14 Ноември, 2019 17:32

Добивај вести на Viber

Вага

Ќе бидете доста комуникативни овој месец, бидејќи знаете што сакате и ќе го добиете тоа. Не се откажувајте од потрагата по љубов. Уживајте во животот повеќе, одете на шетање некој викенд или организирајте кул дружба со вашите најблиски.Таа врска што ви делуваше дека е размрдана, кон крајот на месецот може да се соочи со поголем предизвик.

Најубави денови: 8, 13, 17 

Најтешки денови: 1, 19

Скорпија

Иако ви изгледа дека нема да се справите со сите тие задачи и проекти, вашата смиреност и организираност велат друго. Ќе бидете нечие рамо за плачење. Може да е само другарката или другарот кој е далеку и многу ви фали. Запомнете дека некогаш е доволно само да ислушате некого, иако не можете да помогнете на друг начин. Ви фали малку возбуда и забава во животот. Запомнете да правите паузи и да не се исцрпувате.

Најубави денови: 2, 10, 27 

Најтешки денови: 3, 8

Стрелец

Имајте самодоверба и бидете реални за работите што се случуваат околу вас, но пред сè бидете искрени. Многу луѓе веќе ве сметаат за лидер.Треба да ја ставите под контрола ситуацијата што е готова да експлодира. Знаете како да се справувате со луѓе, а тоа ќе ви помогне во овој случај. Ако сè е под контрола, опуштете се и посветете внимание на учењето. Полната месечина може да донесе љубовни проблеми, но сето тоа може да се среди ако сте трпеливи и знаете да простувате.

Најубави денови: 9, 15, 24 

Најтешки денови: 3, 22

Јарец

Загрејте го столчето и добро спремете се за проектот кој го одложувате веќе подолго време. Работите нема да се научат сами. Вложете труд и бидете упорни, ќе се исплати. Не премолчувајте го тоа што го мислите, особено ако сте испровоцирани. Можеби некој ќе се навреди, но тоа не е ваша вина.Ќе имате потреба да ја искажете вашата љубов кон некого. Еден бакнеж и прегратка се доволни за да му разубавите ден некому.

Најубави денови: 8, 15, 29 

Најтешки денови: 11, 23

Водолија

Периодов ќе изгледа како вие да сте единствената личност која размислува разумно, дома или со друштвото. Време е за забава, но не и за вистинска љубов.  Нахранете си ја душата со нова музика, нова храна, па дури и ново патување со личност сродна на вас. Ако се појави некое недоразбирање, најверојатно ќе биде за нешто небитно и ќе исчезне за два-три дена.

Најубави денови: 4, 17, 26 

Најтешки денови: 9, 21

Риби

Ако досега бевте збунети, сето тоа ќе се разјасни овој месец. Морате емоционално да се оддалечите од сите стресни ситуации и да си посветите повеќе време на себе. Некогаш мора да научите да им кажете збогум на негативните луѓе  во вашиот живот.

Најубави денови: 5, 21, 24 

Најтешки денови: 15, 28



Претходна страна  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: