Вучиќ ќе ги тужи медиумите кои тврдат дека учествувал во аферата „Сараевско сафари“
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2025 18:45
Српскиот претседател Александар Вучиќ, ги коментираше обвинувањата против него дека пукал со снајпер во цивили во опколеното Сараево за време на војната во Босна и Херцеговина(БиХ), велејќи дека невистините и бесмислените работи секогаш излегуваат на виделина во критичен момент за Србија и дека никогаш не слушнал за „сараевско сафари“.
„Тие поднесоа формално обвинение против мене дека сум извршил геноцид во Босна и Херцеговина. Нивното обвинителство ги отфрли таквите кривични пријави. Потоа зборуваа за Сребреница, дека сум бил таму некаде, се повикуваа на текстовите на Милован Бркиќ. Интересно е што секогаш излегуваат со такви лаги, сосема бесмислени работи, во критичен и тежок момент за Србија. Но, тоа не е важно. Немав пушка, дури и кога дојдов и прашав дали можам да бидам со вас, ми рекоа „момче, врати се, ни треба новинар, кој знае англиски“. Толку е без врска приказната и сите го знаат тоа, имам снимки, сведоци и за она што велат дека имам пушка, тоа е статив од камера, му ја носев на снимателот. Мислеа дека кога ќе се случи нешто такво, ќе прикривам итн., не ме познаваат“, рече Вучиќ.
Вучиќ најави дека ќе ги најми најдобрите адвокати и ќе ги тужи одредени светски медиуми кои шират лажни вести дека учествувал во аферата „Сараевското сафари“, а парите што ќе ги добие ќе ги даде за хуманитарни цели, како и на црквата со цел да се обнови манастир во Србија.
Хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ, во средата, на обвинителите во Милано, Италија, им достави кривична пријава против српскиот претседател, Александар Вучиќ, за негова наводна вмешаност во аферата „Сараевско сафари“, за снајперисти од Италија и од други земји кои ѝ плаќале на српската војска за да убиваат цивили за забава.
Тој наведува дека во текот на војната во 1992 и во 1993 година Вучиќ бил „илегален воен доброволец во Сараево, член на паравоен одред, под контрола на Српската радикална партија, во единица командувана од Славко Алексиќ“. Според Маргетиќ, таа единица била стационирана на Еврејските гробишта во Сараево, кои биле снајперска позиција на српските сили. Во пријавата се наведува дека податоците дека Вучиќ бил дел од единицата на Алексиќ и дека бил стациониран на Еврејските гробишта, во сведочење пред Хашкиот суд ги потврдил и неговиот политички сојузник, Воислав Шешељ. Има потврда од уште едно лице, кое рекло дека „Вучиќ, како студент, дошол во БиХ и бил доброволец“.
Маргетиќ во пријавата упатува и на видеоснимка на која е Вучиќ со снајперска пушка во раката, во близина на Еврејските гробишта во Сараево.Според истражителите, групи „снајперски туристи“ наводно учествувале во злосторствата откако платиле големи суми на војници во армијата на Радован Караџиќ, за да ги транспортираат до ридовите околу Сараево и за да им дозволат да пукаат во населението за забава. Во текот на најдолгата опсада во модерната историја, помеѓу 1992 и 1996 година, повеќе од 10.000 луѓе беа убиени во Сараево, од гранати и од снајперски оган.
Истрагата произлезе од кривичната пријава поднесена од Ецио Гавацени, писател од Милано што собра докази за обвинувањата, како и од извештајот испратен до обвинителите од поранешната градоначалничка на Сараево, Бенџамина Кариќ.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




