Вучиќ победи во Белград, опозицијата вети наскоро ќе го сруши
Објавено во: Балкан 05 Март, 2018
Александар Вучиќ уште еднаш докажа дека е најмоќен и најпопуларен политичар во Србија, па така неговата Српска напредна партија (СНС) повторно победи на локалните избори во Белград, а наскоро ќе се открие и името на новиот градоначалник.
Во Белград, престолнината на Србија, победа веќе прогласи Александар Вучиќ, кој со шампањ прослави со своите сопартијци на централниот собир веднаш штом завршија изборите. Вучиќ изјави дека ова е досега нивната најмоќна победа во Белград и дека опозицијата доживеала дебакл.
Најмногу отпор прикажа екс градоначалникот на Белград Драган Џилас кој смета дека резултатот кој го постигна наскоро ќе се пренесе и на републичките избори за кои очекува да се одржат во 2020 година или порано и вети дека многу порано ќе го симнат Александар Вучиќ од власт кој веќе применува диктаторски методи, дека ги организирал најлошите избори во Белград од 90-тите и дека власта поткупила илјадници луѓе со државни пари за да победи.
За 15 дена треба да се конституира општина Белград, а потоа има рок од 30 дена за избор на името на новиот градоначалник кој сигурно ќе биде од партијата на Вучиќ, додека пак опозицијата се надева дека повеќе листи ќе го надминат минималниот цензус за потоа во Собранието да имаат повеќе гласови и на тој начин да влијаат врз власта.