ВУЧИЌ САКА НА РЕФЕРЕНДУМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДАЛИ ИМА ПОДДРШКА ОД НАРОДОТ: За другите ова е игра и шоу
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2025 17:00
Српскиот претседател Александар Вучиќ повика на референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали тој да остане шеф на државата.
Вучиќ ги повика претставниците на опозицијата да покренат постапка за спроведување советодавен референдум.
Вучиќ посочи дека невладиниот Центар за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) неодамна објавил резултати од истражувањето според кое 52 отсто од граѓаните на тој референдум би гласале против неговото останување на функцијата.
„Доколку се точни овие наводи на ЦРТА, невозможно е да останам на функцијата претседател на Србија и затоа опозициските партии треба да поднесат само 67 потписи, а имаат повеќе од 80, за да се одржи советодавен референдум за претседателот на Србија“, рече Вучиќ.
Невладината ЦРТА на 11 јануари објави резултати од истражување на јавното мислење, според кое доколку во овој момент се одржи референдум, 52 отсто од граѓаните нема да му дадат поддршка на претседателот. Според тоа истражување, 34 отсто би му дале доверба.
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците од владејачкото мнозинство за одржување советодавен референдум за доверба на претседателот Вучиќ.
Душан Вучиќевиќ, вонреден професор на Факултетот за политички науки во Белград, за порталот N1 изјави дека според Уставот на Србија, не постои опција во која претседателот на Републиката ќе биде заменет со советодавен референдум.
Претседателот на Народното движење на Србија (НПС), Мирослав Алексиќ, изјави дека најавата на претседателот Вучиќ за советодавен референдум претставува обид за излез од кризата и рече дека неговата партија „нема да учествува во тоа шоу“.
Копретседателот на Зелено-левичарскиот фронт Радомир Лазовиќ оцени дека предлогот на Вучиќ е игра.
фото Фејсбук/Александар Вучиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија




