ВУЧИЌ: Се обидуваат да ја испровоцираат Србија да направи нешто за што би требало да интервенира НАТО
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2024
Србија реагира по повод вчерашните настани и одбележување на годишница од геноцидот во Сребреница.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на школска табла со креда напиша пет точки кои, според него, се закани за Србија кои се упатени со комеморацијата на геноцидот во Сребреница. Како што додаде, наместо тоа да биде можност за зборови на помирување и почит кон жртвите, граѓаните на Србија, српскиот народ и Република Српска беа изложени на навреди и на најдиректни закани.
„Се обидуваат да ја испровоцираат Србија да направи нешто за што би требало да интервенира НАТО, вчера имаше недвосмислен повик за конфликт, а десетпати спомнувањето на наводната големосрпска политика е јасно таргетирање, а целта е уништување на Србија“, изјави Вучиќ.
Тој рече дека Србија нема да падне на провокациите кои доаѓаат од Босна и Херцеговина(БиХ), ниту ќе војува со Бошњаците.
„Ние не сакаме да војуваме против Бошњаците. А тоа е мојата порака и на Бошњаците во Србија и на Бошњаците во Босна и Херцеговина“, нагласи Вучиќ.
Вучиќ смета дека наместо да се разговара со Србија секогаш се повикува на меѓународни набљудувачи. Според него, моралното осакатување се врши „преку историски ревизионизам, додека туѓите злосторства не смеат да се повторат, преку обвинувања дека Србија е „руски агент“, обвинувања дека Србија сака војна, преку „недостиг на демократија“ каде Србија треба да се прикаже како антизападна и делата да бидат преземени против нашата земја“. Спомена економско слабеење, медиумска агресија, желба за конфликт.Вчера беше одбележан 11 Јули - Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот од Сребреница. Пред 29 години во Сребреница се убиени над 8.000 бошњачки мажи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.