Вучиќ: Трамп носи неверојатни промени, една од нив е укинувањето на „факт чекерите“
Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2025 12:46
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп носи неверојатни промени, а како пример за тоа ја наведе најавата на Марк Цукерберг дека под влијание на новоизбраниот американски претседател, како и на Илон Маск, ќе ги укинува „факт чекерите“.
„Се сеќавате ли пред само неколку месеци, што и да зборувавте за некои регионални настани, што и да зборувавте во корист на властите во Србија, некој ќе ви ги симнуваше налозите, објавите, профилите и сè друго.
Значи, најлошите лажговци што постојат во Србија, но поврзани со невладини организации, кои се поврзани со таргетирани невладини и некои други западни невладини организации, и сите под широкиот чадор на одредени западни безбедносни и разузнавачки агенции, тие ви велат, добро, ова не е во наш интерес, тоа е лага“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.
Тој истакна дека доаѓањето на Трамп носи структурно длабоки промени во крвотокот на светот и дека е среќен поради тоа бидејќи „ќе има повеќе слобода“ со укинувањето на „Вистиномерите“.
„Среќен сум поради тоа. Има повеќе слобода. Затоа што ова го менува односот на силите во светот. Ова е надеж за глобалниот југ.Ова е надеж за нормалните луѓе ширум светот. Ова е надеж за нормалните луѓе во Америка. Ова е надеж за нормалните луѓе во Германија, Франција, секоја земја во светот“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека поради „факт чекерите“ е намалена видливоста на некои медиуми, се отстрануваат нивните текстови и дека така функционирала машинеријата на лаги.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија




