Вучиќ за пактот против Србија: Имаат 25 отсто Албанци, без нив нема власт во Македонија

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ вели дека Албанците имаат големо влијание врз властите во Македонија, а ситуацијата е слична и во Црна Гора.
Ова тој го изјави во утринската програма на ТВ Пинк по повод изјавата на косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, за создавање на неформален анти-српски пакт во регионот.
„Дали тоа го работат? Слушајте, тие имаат 25 отсто Албанци во Македонија кои се на власт. Без нив нема власт во Македонија и тие имаат значително влијание. Во Црна Гора ситуацијата е повеќе или помалку слична“, вели Вучиќ.
Тој додаде дека во Црна Гора постои изразена антисрпска кампања, која за Србија е многу тешка и дека Србија се обидува да го избегне конфликтот со црногорската држава.
Хоџај неодамна изјави дека со Хрватска, Македонија и Црна Гора разговара за пакт против Србија, но набрзо властите од овие земји го демантираа. Премиерот Зоран Заев рече дека такви преговори немало.
Можеби ќе ве интересира
ЕРДОГАН НЕМА ДА СЕ ПИШМАНИ: Ако САД воведе санкции за Турција, тогаш се затвора Инџерлик

Дел од Албанците ќе почекаат за обнова на домовите

Трговски во Сараево е евакуиран поради дојава за бомба

СЛОВЕНИЈА ИМА ГОЛЕМ БРОЈ ИМИГРАНТИ: Дури 43 отсто се доселиле од БиХ

Борисов бара земјите кои сакаат во ЕУ и НАТО внимателно да ги мерат своите чекори

АЛБАНЦИТЕ АПСАТ: Лоцираа кој е виновен за катастрофалните последици од земјотресот

(ФОТО+ВИДЕО) Во Далмација по удар на циклон водата стигна до првите кафулиња
