ВУЛИН ДО БАКОЈАНИ: Грција стана голема земја способна за големи подлости

Објавено во: Балкан 02 Април, 2024 17:17
Дора Бакојани покажа дека Грција стана голема земја способна за големи подлости, вели основачот на српското Социјалистичко движење, Александар Вулин.
Тој зборуваше за промената на ставот на Грција во однос на членството на Косово во Советот на Европа, пренесува „Политика“.
„Кога Австро-Унгарија побара од воениот премиер на Грција да им го ускрати гостопримството на остатоците од српската војска и држава, Венизелос одговори дека Грција е ‘премала земја за толку голема подлост’. Со препораката зa Косово за членство во Советот на Европа, Дора Бакојани покажа дека Грција стана голема земја способна за големи подлости. Радувај се, турски свете, територијата наречена Косово оди меѓу државите по препорака на Грција, нека се подготви Северен Кипар“, изјави Вулин.
Остро ја осуди главната известувачка за приемот на Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани која тврдеше дека ако Косово влезе во Советот на Европа, тоа ќе биде добро за српското малцинство. Србија не се сложува со ова тврдење на Бакојани. Се очекува дека месецов, Косово ќе влезе во Советот на Европа. Неколку европски земји не го признаваат Косово. Србија лобираше што повеќе држави да го повлечат признавањето на Косово.Можеби ќе ве интересира
ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

ХАОС И ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА: Прешево и Богородица преполни со возила

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ХРВАТСКА, ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Туристите бегаат,морничави снимки пристигнуваат од познатото летувалиште

КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ДОМАТ – ТУРИЗАМ, КРИШКА ЛЕБ СО ПАШТЕТА НА ПЛАЖА ЗА ДВАЈЦА: Денот се поминува со помалку од 5 евра
