ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик
Објавено во: Балкан 27 Март, 2024
Во кругот на српскиот претседател Александар Вучиќ има луѓе кои работат за ЦИА и тој го знае тоа.
Поранешниот директор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) Александар Вулин, гостувајќи во ТВ Пинк изјави дека во опкружувањето на Вучиќ „има луѓе кои работат за Централната разузнавачка агенција (ЦИА)“.
„Околу претседателот Вучиќ има луѓе кои работат за ЦИА и тој го знае тоа. Има луѓе кои не работат за доброто на оваа земја и кои работат против него“, рече Вулин.
Вели дека ова се начините да вршат притисок врз Вучиќ и врз Србија.
„Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и дека Србите се геноцидни, велам дека ќе се обидат да го уапсат Милорад Додик, ќе се обидат да ги укинат платежните трансакции во Република Српска, ќе се обидат да уапсат луѓе затоа што не ги почитуваат одлуките на Шмит. Вучиќ ќе има сила и храброст да се бори против тоа и верувам дека ќе се сретне со Шмит,“ вели Вулин.