19 Мај, 2024
0.0269

WIZZ AIR ГИ СУСПЕНДИРА ЛЕТОВИТЕ ДО И ОД ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес објави дека, како резултат на затворањето на аеродромот во Охрид, ги суспендира сите летови кон и од Охрид до 25 март 2020 година. Затворањето на аеродромот доаѓа како мерка за намалувањето на ширењето на пандемијата COVID-19.

Патниците со резервации погодени од суспензиите на летовите автоматски ќе бидат информирани преку е-пошта. Доколку патникот резервирал директно на wizzair.com или преку мобилната апликација на авиокомпанијата, 120% од оригиналната сума автоматски ќе се префрли на WIZZ сметката на клиентот, средства кој ќе може да се користат во наредните 24 месеци за услугите на Wizz Air. Патниците исто така можат да се одлучат за повраток на пари - процес што ќе потрае подолго - и за кој ќе бидат информирани за потребните чекори за банкарски трансфер или трансфер на банкарска картичка во посебна е-пошта. Во овој случај, клиентите ќе имаат повраток од само 100% од оригиналната цена. Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции - вклучително и преку интернет туристички агенции - треба да стапат во контакт со компанијата од која ги купиле своите билети.

Wizz Air искрено се извинува за нарушувањето на плановите на патниците, но воедно напоменува дека безбедноста и благосостојбата на патниците и членови на екипажот остануваат врвен приоритет на авиокомпанијата.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО