За 25 фунти поглед на цел Лондон, овде е највисокиот облакодер во Западна Европа!
Објавено во: Стил 01 Февруари, 2013 16:32
Во Лондон денеска е отворена за посети панорамската соба, сместена на врвот на „Шард“ - највисокиот облакодер во Велика Британија и во Западна Европа. Собата за разгледување се наоѓа на височина од 243 метри.
Облакодерот „Шард“ официјално беше отворен минатото лето, пред започнувањето на Олимписките Игри во Лондон. Оваа зграда, изградена од бетон, челик и стакло, со пирамидален облик, на која на самиот врв страните не се допираат, е дело на познатиот италијански архитект Енцо Пиано. Облакодерот е висок 310 метри и има за користење 87 катови.
Облакодерот има тројна намена - како админстративна зграда до половина, на средината како луксузен хотел, во кој има базен и три ката со ресторани, а на врвот и како станбена зграда, со елитни и скапи станови, што во просек ќе чинат по 50 милиони фунти. Административниот дел од облакодерот е дел од новиот бизнис центар во близината на „Лондон Бриџ“.
Кога е ведро, од панорамската соба може да се гледа во далечина и до 60 километри, но исто така пак ништо не се гледа кога е облачно. При ниски облаци, целиот дел на облакодерот, што е со станови, не се гледа од земјата. Посетата и разгледувањето чини 25 фунти за едно лице.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





