За 5 години пратил 500 молби за работа и пак ништо
Објавено во: Финансии 26 Јануари, 2017
Велимир Бориќ (46) од Вуковар за 5 години испратил 500 молби за работа и не успеал да се вработи.
Кога пред 5 години ја напуштил Истра и се вратил со семејството во родниот град од кој бил прогонет, не се надевал дека ќе биде толку тешко.
„Во 5 години пратив 500 молби за работа, но без резултати. На најголем број од нив не ни добив одговор. Имаше некои ветувања кои не се остварија. Дојдов до дно и не сакам веќе да молчам затоа што друг излез немам“ - вели тој.
По професија е трговец и на почетокот праќал молби за работа во струката.
Потоа почнал да праќа кратка биографија на сите огласи, а за тоа време како знае и умее се снаоѓал да преживее и да си ги плати сметките.
Бориќ помагал за време на бегалската криза и во текот на поплавите.
Вели дека сега нему му е потребна помош и работа за да живее.