18 Мај, 2024
0.0274

ЗА 6 МЕСЕЦИ: Македонците дале 10 милиони евра за „Златен даб“, „Крали Марко, „Миринда“ и „Газоза“!

Објавено во: Економија 28 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Во вкупната добивка на полугодие која изнесува 46,9 милиони денари профитот од оперативно работење учествува со 72 отсто, а финансиските приходи допринесуваат со 28 отсто Секоја акција на „Прилепска пиварница„ носи добивка од 1.175 денари за првото полугодие годинава, што претставува потенцијален принос од 9,4 отсто од последната пазарна цена на таа акција, покажуваат најновите официјални податоци од билансот на успех на оваа компанија објавени на Македонската берза за хартии од вредност. Сеопфатната добивка на „Прилепска пиварница“ за првата половина од оваа година е 46,92 милиони денари и во споредба со истиот период лани бележи пад од 13 отсто. Во добивката уделот на профитот од оперативното работење изнесува 33,78 милиони денари, а добивката од финансиските приходи е 13,1 милиони денари. Соодносот на добивката од оперативно работење и финансиските приходи е 72 отсто наспрема 28 отсто, во корист на оперативната добивка. Од извештајот се гледа дека „Прилепска пиварница“ и годинава како клучен го  таргетира домашниот пазар од кој генерира 637,5 милиони денари (10,35 милиони евра). Тоа е 99,6 отсто од целиот приход на компанијата остварен во првите шест месеци годинава. Во споредба со лани, менаџментот на компанијата може да се пофали дека ги зголемил приходите за 4 отсто што е солиден резултат во силна конкуренција на отворениот македонски пазар на пива и безалкохолни пијалоци. Од анализата на билансите на „Прилепска пиварница“ може да се истакне дека во овој период се зголемени залихите за 62 милиони денари и тие изнесуваат 404 милиони денари, и воедно се зголемени и краткорочните вложувања за 153 милиони денари и тие изнесуваат 388,8 милиони денари. Исто така позитивен тренд има и на ставката останати побарувања кои се намалени за 59 милиони денари и на полугодието годинава има побарувања од 2,2 милиони денари. Вкупните обврски во ова полугодие во споредба на истиот период лани „Прилепска пиварница“ ги намалила за 25 милиони денари и тие изнесуваат 317,1 милиони денари. Особено за истакнување за потенцијалните инвеститори е фактот што „Прилепска пиварница“ речиси и да нема кредитна изложеност, а тоа во услови на солидна пазарна позиција, раст на продажби, солидна генерација на финансиски приходи,  може да се толкува како значаен позитивен параметар за таргетирање на таа акција на пазарот на капитал. За да биде приказната целосна, и за жал на инвеститорската заедница, мора да се истакне и тоа дека оваа компанија во последните три години не делела дивиденда, но дека нејзината акумулирана добивка е три и половина пати повисока од основната главнина и изнесува 1,15 милијарди денари (18,6 милиони евра).

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра