01 Мај, 2024
0.0289

За девет месеци 17.771 помалку членови на СДСМ пријавени за гласање на лидер

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Централната изборна комисија, задолжена за спроведување на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, коишто ќе се одржат в недела, на 12 декември, информира дека согласно Правилникот за постапката и роковникот активно се регистрирани 51.228 членови на СДСМ а пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови.

Партиската комисија донесе одлука да им се овозможи на сите членови кои поседуваат електронска членска картичка да може да се регистрираат на самото гласачко место и да гласаат на вонредните внатрепартиските избори.

- Гласањето на вонредните избори на 12 декември ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 08.00 часот наутро, се до 19.00 часот попланде, информираат од владеачката партија.

За време на минатите непосредни внатрепартиски избори во март, премиерот Зоран Заев како единствен кандидат доби нов мандат како претседател, а право на глас имаа 68.999 членови на партијата кои го ажурираа своето членство За Заев гласаа 60.840 социјалдемократи со право на глас, 888 биле „против“ и имало 249 неважечки ливчиња. 

На овие избори Заев нема да учествува, а кандидати за него наследник се Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски и Фросина Ременски.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија