ЗА ЕДНИ СОЦИЈАЛЕН, ЗА ДРУГИ МЕГАЛОМАНСКИ: Буџетот и денес ќе ги „кара“ пратениците во Собрание
Објавено во: Економија 20 Декември, 2018
Ќе се кршат ли и денеска копјата за дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година.
Владеачкото мнозинство смета дека буџетот кој се предлага е социјалнен и со многу инвестициски вложувања.
Наспроти нив опозицијата смета дека истиот е мегаломански и неразвоен.
Според Предлог-буџетот вкупните приходи во државната касасе проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на два процента. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на 2018 година.