ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ: Велика Британија и Украина ќе потпишат историско стогодишно безбедносно партнерство

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2025
Велика Британија и Украина ќе потпишат историско „стогодишно безбедносно партнерство“.
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска во Киев изјави дека главната цел е да се обезбеди Украина „да биде во најсилна можна позиција во текот на 2025 година“.
„Поради тоа мораме да пружиме неопходна поддршка и никогаш да не се откажуваме“, наведе Стармер положувајќи цвеќе со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред споменикот на загинатите украински војници.
Велика Британија и Украина ќе потпишат историско стогодишно партнерство со цел зајакнување на безбедносните врски и партнерства за идните генерации. Договорот посебно ќе се фокусира на „воената соработка“ на море.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека при посетата на британскиот премиер се активирала противвоздушната одбрана, се слушнале експлозии, а дрон го надлетувал градот. На 24 февруари ќе се навршат три години од почетокот на руската инвазија на Украина.
фото Facebook / Keir Starmer
Можеби ќе ве интересира
ОТКРИЕНО КАДЕ Е ЗЕЛЕНСКИ ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ПРЕГОВАРААТ СО РУСИТЕ: Украинскиот претседател не е поканет во Ријад, еве што ќе направи

Дали ќе биде историска фотографија?Рубио и Лавров седнаа на преговарачка маса

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија

„ВИСЕВМЕ КАКО ЛИЛЈАЦИ“: патниците и членовите на екипажот ја преживеаја авионската несреќа во Торонто, има повредени (ВИДЕО)

ОВА Е НАЈЗНАЧАЈНАТА СРЕДБА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Денес почнуваат разговорите меѓу двете земји

ЕВРОПА ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВА: Се очекуваат големи инвестиции во одбраната

МОЖЕМЕ ДА ЗДИВНЕМЕ: ЕУ објави дека се одложува примената на системот ЕТИАС

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Кои земји се спремни да пратат војници?

ЛИСТА НА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СО НАЈЧИСТ ВОЗДУХ: Кој е на врвот?
