ЗАХАРОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА РУТЕ: Moжете да почнете да учите руски
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2025
Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека доколку aлијансата не ги зголеми трошоците за одбрана, жителите на Европа набргу ќе мора да учат руски или да одат на Нов Зеланд, е националистичка.
Таа ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО веднаш да почнат да учат руски јазик.
„Се прашувам дали Нов Зеланд е навреден поради тоа што го третираат со презир? Не сум ни сигурна што е поодвратно во оваа изјава на Руте – дали се работи за лага за руската експанзија или за национализам. Притоа, не само во однос на нас, туку и на Нов Зеланд“, нагласи Захарова.
Таа иронично ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО веднаш да почнат да учат руски јазик.
„Можете да го направите тоа бесплатно или како процент од БДП на вашите земји, како што сакате. Тоа е прекрасен јазик“, изјави Захарова.
Потсети дека рускиот јазик е еден од официјалните јазици на Обединетите нации. Земјите на НАТО веројатно ќе треба да одвојуваат повеќе пари за одбрана. Полска веќе го стори тоа, и над 4 отсто од БДП ќе троши за одбраната. Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, европските земји се плашат дека е можно во иднина, Русија да нападне друга европска земја.