Добивај вести на Viber
Знаеме кој е главен за се во државава. Тоа видовме и чувме. На чело на сите погрешни политики и лошо однесување и правење свесно штети во нашава држава стои исклучиво првиот човек. Првиот човек на една држава е исто така и главен во однос на одговорноста што ја има кон народот . Затоа што народот не е должен и не заслужува да биде тој што ќе ја плаќа цената за нечии, туѓи грешки.
Овде видовме и гледаме ОНЕ МАН ШОУ и соработници кои биле одличен тим, способен да ја демаскира реалноста. Способен влакно да не им фали а сите останати да се криви за работите што нечинат. Но како се почна да излегува на виделина така се повеќе сваќаме како функционирале некои работи во Македонија. Сега кога повеќе од 20 години имаме своја држава, во едно модерно време ние стагнираме на место користејќи режимски тактики во замја кандидат за светски алијанси. Ние сеуште го слушаме национализмот, сеуште се пробува етнички и верски приказни да се користат како оружје за опстанок.
Ние одамна имаме отворени врати кон светот односно кон ЕУ и НАТО перспектива која на народот не му се дозволува се уште да ја види вредноста од нив. Оваа држава мора да остане стабилна. А единствено е можно само со зајакнување на вредностите на луѓето, на развојот, образованието и се друго како би ги избегнале мултиетничи причини за скарување на народот, етнички, верски и се останато. Нешто што на овој напатен и сиромашен народ му е најмалку потребно. Време е да се свестиме сите и да ги детектираме главните причини, од каде потекнуваат и кој греши. Јас сакам да бидам дел од НАТО и Европска Унија. Сакам да бидеме дел од овие силни алијанси. Сакаме да бидеме партнери, а не нивни пациенти кој наместо да зборуваме за приближување со нив ги молиме да разговараме како да ни помогнат за решавање на елементарни демократски болести. Наместо да разговараме за глобални политики кои ги водат истиве и да бидеме дел од нив, ние само се дозатвараме во нашава мала 2 милионска држава, без илзез на море, без природни ресурси, со голема сиромаштија и голем процент на невработеност. Верувам дека ваквата моментална слика остава впечаток кај голем дел од големите земји дека сме далеку од нивните врати. Но, се прашувам зошто се уште не ни ги затвараат? Зошто сеуште се трудат да најдат решение за нас?
Искрено се надевам дека веруваат во народот. И тоа е причината зошто не сме отпишани. Веруваат но и после овие неколку протестни митинзи има станаа јасни многу работи. Дека народот нема да биде тој што ќе ја згреши насоката наоѓајќи се пред оваа раскрсница која се наоѓа Македонија во моментов . Овие протестни митинзи покажаа народ кој е поделен. Но во првите, опозициониот блок и еден куп независни невладини организации, јавни личности, мултиетнички , со многу елементи покажаа слика која ветува. Видоа народ кој што знае да препознае вредности и народ кој силно ги кажува овие пораки: НАТО, ЕУ, модерно општество, демократија, слобода.
Но од другата страна, власта, која се повеќе ја слушаме како преку користење на националистичко, еднострано, вештачки скроена еуфорија дека се е во ред. Дека се е под контрола. Дека се силни. Дека странците заедно со другиве сакале нестабилност и штета да и нанесат на МКД. Најчестата реторика која ја слушаме е дека тие самите не биле супер, ама другиве опозицијата ќе биле уште полоши од нив ако дојдат . Другиве што се 9 години во опозиција ? Се изнаслушавме од оваа приказна 9 години. Па доста е. Дете од кога ќе се роди па 9 години да слуша иста приказна ќе му здосади, а камоли цел народ.
Е во една ваква поделба на далеку различни ставови и гледања на работите јас избирам и сакам да бидам дел од светот. НАТО И ЕУ. Да имам отворени патишта без граници . Да имам можности за образованието со кое се занимавам и ми е професија. Политиката да ми даде можности да можам да гласам за Претседател на Европа а не да бидам затворен и да ме гушат во 2 милионска држава отруена од никој друг туку исклучиво од погрешните политики. Сакам да станеме дел од општество кое дава многу можности. А не од општество со ограничени можности кое ќе изолира. Кое ќе не подели толку многушто ќе не растури. Дури и господ нема да знае каде ќе ни биде и каква иднината. Да не дозволиме давеници кој сакаат да земат се пред себе на душа да ни го растурат мирот и иднината. Време е да помогнеме сите да си оди и да ја спасиме државава.
Во спротивно со вакви лаги и криење на главните причинители на проблемите државава ќе има големи шанси да го смени ликот и структурата. Не заборавајте во историјата на оваа држава колку апетити се појавувале и колку делови во минатото припаѓале на други влијанија. Секоја нестабилност или несложност на народот кој живее овде само ќе ја отежнува работата. Сега кога имаме своја држава повеќе од 20 години време е да ги отвориме очите широко. Време е да се погледнеме најпрвин себеси и да се прифатиме такви какви што сме. Да не дозволиме да си ги вадиме очите меѓусебно, а неколкумина да профитираат од тоа. Време е да се отвориме кон светот. Вистината секогаш излегува на виделина. Да не дозволиме повторно народот да биде тој што ќе ја плати многу скапо цената.
Сефер Цаноски
(авторот е генерален менаџер на ФОН унииверзитетот)
Колумната е преземена од ФБ профилот на г-динот Цаноски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: